Села и Касами задоволни од гласовите на Река: И Албанците сакаат промени
Лидерите на Алијансата за Албанците и БЕСА, Зијадин Села и Биљал Касами, чиј кандидат за претседател Блерим Река освои скоро 80.000 гласови во првиот изборен круг, велат дека овој резултат е порака на Албанците кон албанските елити на власта, објави Фокус.
-Во сите населени места и општини со албанско мнозинство, професорот Река доби резултат 3:1 минимум, има и населени места каде доби со резултат 4:1. Истата порака ја пренесува и ниската излезност во општините со албанско мнозинство. Бојкотот по дефиницијата е бојкот кон мнозинството и владиното мнозинство, а никако не е бојкот кон опозицијата, која се стреми да донесе измени – вели Села.
Касами, пак, изјави дека дека првиот изборен круг покажа дека Албанците сакаат промени како што, според него, се случи во македонскиот политички кампус.
-Ако Премиерот и натаму продолжи да биде заробен и да ги брани албанските криминалци само за тие да му служат нему, тој треба да знае дека ќе го повлечат во дупката во која се паднати тие одамна – рече Касами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа