Крај на епидемијата од Западнонилската треска во Србија
Директорот на белградската Клиника за инфективни и тропски болести Драган Делиќ објави крај на Западнонилската треска во Србија.
- Во Србија е објавен крај на епидемијата од Западнонилската треска, од која починаа 32 лице, изјави директорот на белградската Клиника за инфективни и тропски болести Драган Делиќ.
Тој наведе дека во Белград за два месеца биле регистрирани 180 пациенти од кои 21 починале.
Од српското Министерство за здравство заклучија дека 238 луѓе заболеле од Западнонилска треска, додека сите починати биле над 50 години и имале хронични болести.
02.10.2013 - 16:22