Овој 3 октомви ќе биде најстуден во последните 13 години

 

Иако утрото и претпладнето во поголем дел од земјата ќе бидат со променливо време со умерена облачност, сепак попладнето и вечерта ни носат разведрување, јавува Метеопро. Овој 3ти октомври ќе биде најстуден 3ти октомври барем во последниве 13 години. Температурниот максимум во земјава ќе достигне вредност само до 18°С во Гевгелија и Дојран, а за 1°С посвежо ќе биде во Тиквешијата и Демир Капија. Во останатите места низ Македонија максималната температура ќе биде во границите помеѓу 11°С и 14°С. На повисоките места помеѓу 8°С и 11°С. Ветерот ќе биде слаб и претежно од север. Локално во источните региони ќе има повремен умерен ветер.

Во Скопје и околината ќе имаме умерена облачност претпладне која постепено во текот на денот ќе се намалува. Ќе имаме претежно слаб северен ветер. Дневниот максимум на температурата ќе достигне 13°С.

Внимавајте на пониските температури кои нé очекуваат во вечерните часови.

02.10.2013 - 23:13

најчитано сега