Докторите го советувале да не игра фудбал но тој не ги послушал: Млад фудбалер почина на терен
Папи Фати, 28-годишниот репрезентативец на Бурунди, почина на терен откако му се слошило за време на натпевар во Есватинија. Фудбалерот од средниот ред на Маланти Чифс знаел дека има срцеви проблеми, неколку клубови му го раскинувале договорот, но и покрај сето тоа, тој продолжил да се занимава со фудбал.
Дури додека играл за Реал Кингс, се срушил еднаш на теренот. Меѓутоа тоа како да не било доволно. Смртта доаѓа само ден по неговото интервју во еден весник каде објаснил дека можел да умре, и дека не смее да игра фудбал.
Фати во минатото бил дел од Трабзонспор, но не се задржа многу во Европа.
Ивор: Спорт Медиа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа