Кирацовски за 1 мај: Цврсто сме определени на унапредување и заштита на работничките права

 

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот.

„Денешниот ден е симбол на храброста и одлучноста, признание за решителноста во борбата за унапредување на правата на работниците.

Напредокот, развојот е возможен само со соодветно вреднувани, мотивирани и почитувани работници кои се сигурни и заштитени на своите работни места и токму кон тоа се стремиме.

Како одговорна, социјалдемократска партија целосно сме посветени на обезбедување услови за развој, напредок и еднакви можности за сите, цврсто сме определени за заштита и унапредување на правата на работниците.

Само со мотивирани, заштитени и задоволни работници, претпријатијата ќе ја движат економијата напред и затоа како владејачка партија остануваме целосно посветени на тој процес.

Продолжуваме, рамо до рамо со вас и вашата поддршка да ги решаваме проблемите, да ги надминуваме предизвиците во обезбедување на квалитетни услови за живот и работа за сите граѓани.

Нека е честит 1 мај - Меѓународниот ден на трудот!“, кажа Кирацовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2019 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега