Заборавена намирница која ги обновува штитната жлезда, жолчката и црниот дроб
Црната ротква е малку подзаборавена намирница која е исклучително здрава и се користи з алекување на различни видови на болести. Има многу позитивни својства кои добро делуваат на проблемите со штитната жлезда, како и во борбата против лошото варење. За оваа намирница се вели и дека е одличен лаксатив од причина што се нејзините својства многу ефикасни.
Црната ротквица може многу да помогне во подобрување на здравјето, но може и да ви го обнови ткивото на кожата. Освен тоа, ротквицата може да ви помогне да ги исфрлите од организмот сите штетни материи, но и да се изборите со болките во стомакот. Не треба да се збаорави ниту на позитивното дејство на ротквата на црниот дроб затоа што го чисти и помага за подобрување на неговите функции. Ротквата е богата со витамин Ц и со различни антиоксиданси и хранливи материи.
За да ги искористите подобро сите благодети на црната ротква подгответе ја по следниот рецепт:
4 помали роткви
Помало парче рендан ѓумбир
4 лажици мед
Сок од 4 цедени лимони
50 мл вода
Сите состојки ставете ги во блендер и помешајте ги. Кога ќе добиете густа смеса ставете ја во стаклена тегла и убаво затворете ја. Земајте по една лажица 3-4 пати дневно во текот на три недели и пијте две литри вода на ден за да може целосно да ги искористите добрите својства на ротквите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа