Последен ден од предизборната кампања: Силјановска во Аеродром, Пендаровски во Битола

Денеска е последен ден од предизборната кампања за претседател, а еве каде ќе се обратат и со кого ќе се сретнат Силјановска и Пендароцки.
Кандидат за претседател Стево Пендаровски во 18.00 часот во Шуто Оризари (во ресторан „Јафа Голд“, на ул. Боца Ивановска) ќе има средба со граѓаните од оваа општина.
Подоцна, во 20.40 часот ќе се одржи централниот настан, граѓанска трибина на градскиот плоштад „Магнолија“ во Битола, каде свои обраќања ќе имаат министерот за надворешни работи Никола Димитров, заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев,
Додека во 14:30 часот пред Граѓанскиот штаб на Ул. Македонија (до кафичот Барселона), ќе биде дадена изјава за медиуми,при што ќе се обрати кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. Д-р. Гордана Сиљановска Давкова.
Во 17:30 часот во Аеродром - Паркот на езерата ќе се одржи трибина каде што учество ќе заземе кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. Д-р. Гордана Сиљановска Давков.
03.05.2019 - 13:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа