Националната банка на Грција се повлекува од Стопанска банка?

 

Националната банка на Грција ќе се повлече од пазарите во Југоисточна Европа, во рамки на договорот, склучен меѓу грчката кредитна институција и Европската комисија, пишува весникот „Катимерини“.

Националната банка на Грција постигнала договор со институцијата за конкурентност во рамки на Европската комисија, според кој групата ќе го задржи мнозинското учество во турскиот огранок на „Финансбанк“, но ќе се откаже од поголемиот дел од дејноста во Југоисточна Европа.

На тој начин, Националната банка на Грција ќе се повлече од Македонија, Албанија, Бугарија, Романија и Србија.

Кредитната институција ќе задржи 60 проценти од акциите на банката „Финансбанк“ во Турција, а останатиот дел од 40 отсто ќе бидат продадени на инвеститори во две етапи до крајот на 2017 година.

НАционалната банка на Грција е доминантен сопственик на една од најголемите македонски банки, Стопанска банка.

03.10.2013 - 13:21

најчитано сега