СДСМ: Мицкоски е поразен, Северна Македонија оди напред
СДСМ денеска со соопштение за јавноста кое ви го пренесуваме интегрално.
-Политичката реалност е дека Мицкоски е поразен на претседателските и локалните избори, демократските промени се заокружија, наместо нов Иванов имаме вистински Претседател кој води напред.
Граѓаните на 5 ти мај гласно порачаа дека не сакаат кочење, не сакаат враќање назад, не сакаат деструкција и режим.
Волјата на граѓаните е јасна, граѓаните сакаат напредокот да продолжи, сигурна иднина, членство во ЕУ, НАТО.
Затоа го поддржаа концептот предводен од Пендаровски за заедништво, обединување, напредок.
Тоа се пораките на граѓаните, тоа е политичката реалност. Таа не зависи од тоа дали Мицкоски ја прифаќа или се залажува себе си.
Причините за поразот на претседателските избори, како и за поразот на локалните избори Мицкоски треба да си ги побара кај себе.
Вака, покажува дека толку е очаен Мицкоски што пред своето членство поразот на претседателските избори, поразот на локалните избори во Охрид и поразот на локалните избори во Ново Село ги претставува нереално.
Република Северна Македонија продолжува напред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа