На 20 октомври „Парада на гордоста“ во Подгорица

 

Организаторите на првата геј парада во Подгорица, денеска соопштија дека истата ќе се одржи на 20 октомври.

„Вербалните ветувања (на властите) се нешто убаво, но во пракса хомосексуалците не чувствуваат особена промена. Тие се уште живеат во страв и се дискриминирани“,изјави Даниел Калезиќ, еден од организаторите на настанот и додаде дека подготовките се во тек.

 Министерот за внатрешни работи Рашко Коневиќ информира дека полицијата прави безбедносни проценки пред да даде зелено светло за настанот.

 Во јули во Будва беше организирана геј парада, при што дојде до судири меѓу црногорската полиција и стотици противници на собирот.

Инаку, според организаторите првата „Парада на гордоста“ во Подгорица ќе биде „тест за волјата на властите“ да ги гарантираат правата на хомосексуалните малцинства.

03.10.2013 - 15:37
Фото: 
Пулс24

најчитано сега