ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се вработуваат синови и ќерки на функционери, власта да инвестира во студентските домови

 

Студентските домови во Република Македонија се наликуваат на руина. Сликите кои ги објавија медиумите, од кои се гледаат уништени тоалети се доказ дека власта две години нема направено ништо, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека Заев и Каевски ветуваа студентски град, со модерни услови за престој, но две години после тоа нема ништо од најавеното. Студентските домови се во катастрофална состојба, а храната е слаба.

„СДСМ нема направено ништо за студентските домови. Две години власта потроши 7 милијарди евра буџет, а притоа не направи ништо за студентите.

Каде отидоа 7 милијарди евра пари на граѓаните?

Наместо да се купуваат фотељи од телешка кожа и пенкала со циркони власта може да инвестира во нови студентски домови.

Наместо да се вработуваат синови и ќерки на функционери,  власта може да купи подобра храна за студентските мензи.

 

Ниското ниво на реализација на капитални инвестиции на власта се должи и на безидејноста.

Инвестициите во студентските домови запреа со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.

Две години студентите мака мачат да преживеат во домовите во Скопје, но и другите градови низ државата. Негрижата мора да запре. Младите очекуваат промени“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега