Деловната заедница да не ги дискриминира лицата со попреченост

 

Денеска во рамки на Националниот совет за претприемништво и конкурентност, во соработка со проектите на УСАИД за унапредување на извозот и инвестирањето во е-пристапно образование се одржа дискусија на тема „Улогата на деловната заедница во инклузија на лицата со попреченост“.

- Една од целите на Националниот совет за претприемништво и конкурентност е да ги едуцира своите членки за недискриминација на лицата, односно да обезбедат еднакви можности за сите и со тоа да не ги дискриминираат лицата со попреченост, рече Горан Лазаревски, претставник на Националниот совет за претприемништво и конкурентност.

На настанот учествуваа претставници  од Министерство за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на Македонија, Националниот Совет на инвалидски организации на Македонија, претставници на деловниот сектор, како и релевантни институции и невладини организации кои работат во за заштита на правата на лицата со попреченост.

03.10.2013 - 16:25
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега