Мостот на реката Брегалница кај Карбинци поради нестабилност е затворен за сообраќај

Поради големата нестабилност на мостот на реката Брегалница кој ги поврзува селата Таринци и Долни Балван во општина Карбинци, денеска е затворен за сообраќај.

Градоначалникот Зоран Минов  изјави дека ваква мерка е преземена за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

- Знаеме дека есенските дождови почнуваат и временските услови се влошуваат така што може да се очекува поголема количина вода во реката Брегалница со што мостот би можел да се сруши, истакна Минов.

03.10.2013 - 16:48
Фото: 
Утрински

најчитано сега