СДСМ: Повеќе работни места и пари економијата со нас во нагорна линија
СДСМ денеска со соопштение за јавноста, кое ви го пренесуваме интегрално.
Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот извоз во периодот јануари – март 2019 бележи раст од 7,7 отсто споредено со истиот период од 2018 година.
По растот на извозот во 2018 година, извозот бележи раст и во првото тромесечие од 2019 година.
Економските политики на Владата предводена од СДСМ и интензивирањето на процесот на евроинтеграциите, даваат реални резултати.
Според вкупниот обем на трговска размена Република Северна Македонија по Германија и Велика Британија, најмногу тргувала со Грција што е уште еден доказ дека решавањето на деценискиот спор позитивно влијае и ја унапредува економската соработка помеѓу двете земји.
Растот на извозот во првиот квартал покажува дека е вратена довербата во стопанството, олеснет е пристапот до нови пазари, а економијата е стабилизирана и се движи во нагорна линија.
По формалното пристапување во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се отвораат можности за дополнително интензивирање на растот на извозот што ќе придонесе за поголемо и поконкурентно производство, нови работни места и повеќе пари во стопанството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа