ВМРО-ДПМНЕ: Со Заев граѓаните тонат во сиромаштија
ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение до јавноста по повлекувањето на советникот на Тевдовски кој вчера ја објави одлуката на Фејсбук.
Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии, напиша Јовановиќ на Фејсбук и ја обелодени свјојата одлука, додавајќи дека ќе се посвети на семејството.
Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ви ја пренесуваме во целост.
Повлекувањето на советникот на министерот за финансии Драган Тевдовски не може и не смее да биде амнестија за Зоран Заев за економската катастрофа која и ја донесе на Македонија. Стратегијата за напуштање на бродот кој тоне не е, ниту смее да биде бегство од одговорноста за осиромашувањето на државата и граѓаните. Заев, Тевдовски и Анѓушев ја покачија акцизата, си го зголемија буџетот, го зголемија задолжувањето, а ги занемарија капиталните инвестиции и на Македонија и донесоа најмал економски раст во регионот и пошироко. За овој срам не може да биде виновен само советникот на Тевдовски.
Економијата две години е во колапс. СДСМ потроши 7 милијарди евра буџет за две години, а ништо не е направено. Нема нови автопати, нема нови инвестиции, нема нови болници, школи и градинки.
Нивото на реализација на капитални инвестиции за првите три месеци од годината е нешто над 6%. Доколку се продолжи со ова темпо до крајот на годината нивото на реализација ќе биде катастрофално ниско. Истата ситуација се случи и минатата година. Тоа се две години од животот на граѓаните кои поминаа без ниту една позначајна инвестиција.
И додека нивото на реализација на капитални инвестиции е катастрофално ниско, висината на задолжувањето е енормно. Никој не знае каде се потрошени над половина милијарда евра пари на граѓаните, сума за која власта се задолжи кај странските и домашните кредитори.
Власта се задолжува, а граѓаните се се посирмашни. Над 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија.
Младинската невработеност е највисока во регионот и во Европа во целост.
Се поголем е бројот на граѓани кои се решаваат трајно да ја напуштат државата и да се отселат во странство.
Со СДСМ граѓаните губат надеж, а бизнисите немаат перспектива. СДСМ треба да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа