Бонева нема време да лупи пиперки, Влатко Ѓорчев ужива во правењето - македонските пратеници и ајварот

Некои ги засукаа ракавите, други ги наполнија торбите. Домашен или купен, важно пратениците ќе јадат ајвар и оваа зима. Дел од пратеничките и покрај обврските, нашле време да го запалат огнот и да ги испечат и излупат пиперките, објави Сител

Традиционално, како и секоја година и оваа, направив зимница за мене и за моето сега веќе пошироко семејство. Традиционалнао зимницата ја поготвувам сама, со помош на моите ќерки и еве јавно да кажам, со помош на мојот сопруг, вели пратеничката на СДСМ, Билјана Казанџиска

Ништо не  како порано кога не бев пратеник. Неколку години по ред во семејството купуваме, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева
Одамна веќе не подготвувам зимница, за жал. Тоа задоволство го немам, меѓутоа купувам македонски производи рече претседателката на ДОМ Лиле Поповска

А пратениците годинава се покажаа како прави домаќини. Се пофалија им помогале на сопругите,  а некои пак со гортост открија дека ги поштедиле своите госпоѓи и ги обезбедиле со тегли ајвар.

Секоја година се подобар и подобар е ајварот. Оваа година се уште немавме можност да го направиме ајварот затоа што бев во посета на неколку општини за време на викендите, ама тоа ќе биде еден сериозен семеен проект и јас ветив дека во делот на машките работи апсолутно ќе учествувам во тоа правење  се пофали пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев

Ние не правиме дома ајвар, но во секој случај,  јас сум главен во набавката на ајварот од продавницавели за Сител лиедрот на ЛП Ивон Величковски

Ние направивме ајвар. Околу лупењето не помогнав многу поради работните обврски, побеќе околку купувањето на состојките, изјави Малиша Станковиќ од СПМ

Оваа година ќе прават едно 7-8 тегли, така колку за сопругата и ќерките бидејќи јас и не сакам многу ајвар, вели Самка Ибраимовски

И првиот парламентарец ќе јаде домашен ајвар. иако имал желба, поради работните обврски не и помомогнал на сопругата во подготвувањето.

 

 

03.10.2013 - 20:41

најчитано сега