ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба присуствуваше на откривањето на споменикот на Горан Стојменовиќ кој загина во Диво Насеље
Претставници од ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба денеска присуствуваа на откривањето на споменикот на Горан Стојменовиќ кој загина во Диво Насеље бранејќи ја нашата татковина.
-Во името на Општинскиот комитет Гази Баба на ВМРО ДПМНЕ денес присуствувавме на откривањето на споменикот на Горан Стојменовиќ кој загина бранејќи го интегритетот и суверенитетот на нашата татковина Република Македонија во Диво Насеље.
Положивме свежо цвеќе и оддадовме почит на неговиот лик и дело.
Неговиот паметник нека биде спомен за неговата жртва а пак неговата жртва нека биде пример за нас и за генерациите после нас за тоа како се брани татковината!
Нека почива во мир и нека му е вечна слава!, стои во постот на Фејсбук на Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа