Ѓорѓиевски од Прилеп: Тука сме, многу сме – ќе ве победиме!
Прилеп – енергичен и сплотен како никогаш до сега. Од Прилеп почнувале победите, почнаа и овој пат. Градот херој на последните избори покажа дека сака развој, просперитет и убава иднина, напиша на Фејсбук членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
Енергијата која ја имаше пред изборите сега е посилна, жарот кај граѓаните за промени е голем. Неправдите и безперспективноста на оваа власт мора да завршат. Криминалот на улиците тука како и на секаде во државата мора да биде санкциониран, секој кој ги малтретира граѓаните мора да биде казнет. Времето за одговорност доаѓа.
Од тука од Прилеп јасно порачуваме. Тука сме, многу сме, ќе ве победиме! Посветено и одговорно се бориме за светла иднина!, напиша Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа