Мицкоски: Големите очекувања кои ги создава оваа власта за операцијата метла ќе донесе големи разочарувања

 

Тој посочи дека и тука како и низ целата држава граѓаните се разочарани и се свесни дека власта не ги испорачува резултатите. Големите очекувања кои ги создава оваа власта за операцијата метла ќе донесе големи разочарувања, додаде Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека изминативе денови послушниците на Заев повторуваат неколку празни флоскули.

Нивните функционери велат ја научиле лекцијата од минатиот период на неработа, дека ја примиле пораката, дека ќе следуваат промени, но никој од нив не вели не успеав да испорачам резултати и да ги исполнам барањата на граѓаните, си поднесувам неотповиклива оставка бидејќи сум неуспешен. Сите закотвени во функциите, целосно свесни дека не успеале, и не ги бива чекаат деспотот да види што ќе одлучи, па ако може уште некое време да ги користат повластувањата од функцијата и да продолжат да не работат, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека власта на чело со Зоран Заев нема морален компас, за овие луѓе моралот како вредноста категорија не постои, туку единствено се заинтересирани за бенефициите кои ги носат функциите и позициите.

Затоа ова мора да се смени, а вистинската метла е во рацете на граѓаните кои ќе расчистат со криминалната и неспособната власт на следните избори, порача тој.

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2019 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега