Мицкоски за метлата на Заев: Ќе донесе само разочарувања

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи на Фејсбук откако беше во Аеродром и ја искоментира метлата.

- Бев во Аеродром. Овде граѓаните се свесни дека власта не испорачува резултати. Големите очекувања кои ги создава оваа власт за операцијата метла ќе донесе големи разочарувања. Имаат неколку реченици кои функкционерите на СДСМ и послушниците на Заев овие денови постојано ги повторуваат. Велат ја научивме лекцијата од минатиот период на неработа, ја примивме пораката, ќе следат промени, но никој од нив не вели не успеав да испорачам резултати и да ги исполнам барањата на граѓаните, си поднесувам неотповиклива оставка бидејќи сум неуспешен. Сите закотвени во функциите, целосно свесни дека не успеале, и не ги бива, чекаат деспотот да види што ќе одлучи, па ако може уште некое време да ги користат повластувањата од функцијата и да продолжат да не работат. Значи имаме работа со луѓе за кои моралот како вредносна категорија не постои, туку само позициите, функциите и бенефитите кои тие ги носат. Затоа ова мора да се смени, а вистинската метла е во рацете на граѓаните кои ќе расчистат со криминалната и неспособната власт на следните избори, напиша тој.

Инаку, метлата стана актуелна откако среде митинг на Пендаровски во Карпош, Заев најави чистка, а актерот Дац дојде од публика и му даде метла во раката.

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2019 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега