Коридорот 8 ќе го носи името на Мајка Тереза

Индискиот весник "Тајмс оф Индија", пишува дека македонската Влада размислува ликот на големата хуманистка Мајка тереза да се најде на една од новите банкноти, а Коридорот 8 да го носи нејзиното име, пренесува Утрински.

- Веќе ги изгравиравме некои од најдобрите цитати и пароли на Мајка Тереза на бронзени плочи кои ги поставивме на прометни улици и згради, со цел секој минувач да научи нешто од нив. Веќе поставивме 17 такви плочи низ Скопје и во наредниот месец ќе инсталираме уште 22. Ќе го спорведеме истиот проект и во Македонија, изјавил претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, за индискиот весник.

Како што пишува весникот, македонскиот премиер изјавил и дека Коридорот 8 би можел да го носи името на големата хуманистка.

„Еден од најважните автопатишта во регионот, долг околу 300 километри е именуван по Мајка Тереза. Тој го поврзува Скопје со Бугарија и со Албанија. Дел од него веќе постои, а дел ќе треба да биде доизграден до 2017 година“, вели премиерот за „Тајмс оф Индија“.

04.10.2013 - 10:44

најчитано сега