УЈП: 65% од деловните објекти во Скопје прикриваат данок

 

УЈП со помош на контролите кои ги спроведува, за само два дена затвори 17 објекти во Скопје, поради неправилности во работењето.

УЈП соопштува дека за два дена се затворени 17 објекти од кои четири се поголеми салони за мебел лоцирани во Центар, Чаир и Бутел. Во еден случај поднесена е и кривична пријава поради неовластено отстранување пломба на објектот.

- Наместо плаќање казни, неовластено симнување на лентите и пломбите на запечатените објекти, обиди за спречување на контролите на Управата (уништување на деловни документи, бегање на обврзниците со прометот, напади и закани на даночниците и сл.), ги повикуваме обврзниците да издаваат фискални сметки, што е поедноставно и поисплатливо од казните, соопштуваат од УЈП.

Инаку, УЈП соопштува дека шеесет и пет проценти од деловните објекти прикажувале нереални финансиски показатели и со тоа директно го оштетиле буџетот.

 

04.10.2013 - 11:42
Фото: 
Денешен

најчитано сега