СДСМ: По хаосот што го остави зад себе во охридскиот регион, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува

 

Токму ВМРО-ДПМНЕ остави хаос и ги предизвика последиците врз Охридскиот регион. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за Охридскиот регион после 11 години свесно уништување и загрозување на природното и културно наследство за бизнис и лични интереси на фамилијата, велат од СДСМ како реакција на тврдењата од ВМРО- ДПМНЕ, дека СДСМ го уништи Охрид и му го загрози статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО

Од СДСМ влеат дека хекнтролираните градби на Плаошник и Галичица, мегаломанските градби на Охридското езеро, познатото „парапетче“ на Груевски, криминалните проекти, Субрата Рој, се само дел од примерите за децениската негрижа на ВМРО-ДПМНЕ кон Охрид - заштитеното подрачје од УНЕСКО.

„Денес, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ Владата предводена од СДСМ, во соработка со општините и граѓанскиот сектор, е насочена кон решавање на наследените проблеми и тековните потреби во регионот.

Предлогот на УНЕСКО Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство  е мотив плус за интезивирање на процесот на заштита на нашето културно и природно наследство.

Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО за Охрид и Oхридскиот регион, со цел зачувување и заштита на нашето  уникатното природно и културно богатство“ стои во реакцијата на СДСМ. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега