Реалната невработеност во Македонија е 10% ?!

 

Само 10% од граѓаните во Македонија вистински бараат работа. Овие податоци ги покажала анкетата на Агенцијата за вработување броејќи ги само оние луѓе кои навистина бараат работа. Оваа бројка е за 3 пати помала од оние 28,8% кои ги измери Државниот завод за статистика. Ваквиот податок покажува дека скоро 20% од граѓаните не бараат работа, бидјеќи не сакаат да работат или пак бидејќи веќе некаде работат на црно и за тоа не се плаќаат давачки кон државата.
Како што пишува Капитал, во формуларите кои пред неколку месеци им биле дадени на сите невработени лица во земјава од вкупно евидентираните 220 илјади лица, околу 60% или 130 илјади се изјасниле дека не бараат Агенцијата да им понудува вработување, додека  само околу 93 илјади се изјасниле дека сакаат да им се нуди вработување. Ако овие 93 илјади лица, кои според Агенцијата се тие кои навистина бараат работа, се стават во однос со вкупниот број активни лица, тогаш излегува дека вистинската стапка на невработеност во Македонија е 10%, што е три пати помалку од официјалната стапка на невработеност (28,8%) што неодамна ја измери Државниот завод за статистика

 

 

 

04.10.2013 - 12:17

најчитано сега