Дураку: Кој од функционерите на ДУИ ќе биде дел од „метлата“ одлучува лидерот
Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку смета дека ако биде дел од промената на функции во Владата, тоа ќе биде направено се цел да се подобри функционирањето на институциите, пренесува „Независен весник“.
„Кој ќе остане во Владата и кој ќе биде дел од „метлата“ по однос на функционерите на Демократската унија за интеграција одлучува лидерот на ДУИ и ако бидам дел од промената секако секоја промена ќе биде во насока на подобрување на насоките и функционирањето на министерството“, вели Дураки.
На прашањето зошто сите функционери од ДУИ велат дека лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети, ќе одлучи за нивна смена, а не премиерот Зоран Заев, Дуркаи појаснува дека такви одлуки се носат како дел од коалициони договори.
„Треба да се сфати дека Владата на оваа држава се состои од коалициона Влада, меѓу партиите кои се во коалиција. Секоја одлука која се носи, мора да биде дел од одлуката која ќе ја донесе коалицијата. Сите одлуки што се донесуваат, треба да сме свесни, дека се носат во Парламентот, и секоја програма којашто мора да биде дел од Владата е дел од коалицијата“, изјави Дураки, по одбележувањето 22 Мај – Светскиот ден на биолошката разновидност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа