СДСМ: Вистински се грижиме за граѓаните, зборот си е збор
СДСМ со соопштение за јавноста кое ви го пренесуваме во целост.
Со новата социјална реформа, која веќе е усвоена од Собранието, градиме систем кој трајно извлекува од секаков вид на сиромаштија.
За 20 пати се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток и суштински се преобразува социјалната заштита.
Детскиот додаток кој досега го користеа 3.200 деца со новата реформа ќе го користат 73.500, додека образовниот додаток наместо 3.800 деца, сега ќе го користат 61.143 деца.
Продолжува вистинската грижа за граѓаните преку вистинска помош и поддршка на семејствата на кои помошта им е неопходна.
Преку реформските мерки и новата социјална реформа се враќа социјалната правда, која е темел за градење на праведно општество кое нуди еднакви можности за сите.
Зборот е збор, градиме фер и праведно општество за сите, државата продолжува напред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа