СДСМ: Повеќе пари за ранливите категории, со социјалната реформа градиме систем што извлекува од сиромаштија

 

Со новата социјалната реформа, системот за социјална заштита целисно се преобразува во систем кој извлекува од сиромаштија, велат во соопштение од СДСМ.

 

Од партијата нагласуваат дека социјалната реформа обезбедува семеен пакет од право на Гарантирана минимална помош со Додаток за покривање на дел од трошоците за потрошувачката на енергенси во домаќинството, Детски додаток и Додаток за образование.

„Со тоа, значително се зголемува помошта за домаќинствата во социјален ризик.

За пв пат корисниците на Гарантираната минимална помош, добиваат и детски додаток како и додаток за основно образование. Додека пак, досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образование, сега се трансформира во право на додаток за образование.

Висината на средствата за помош ќе се утврдува за секое домаќнство посебно согласно Закнот за социјална заштита и Законот за заштита на децата.

Па така, четиричлено семејство со две деца кои посетуваат училиште, со социјалната реформа би користело месечен надоместок од 10.600 денари.

Ова се дел од низата мерки од социјалната реформа која има за цел да извлекува од сиромаштија, да ги унапредува правата на лицата со попреченост и да ја унапреди грижата за децата.

Остануваме посветени на мерките и политиките што го унапредуваат и олеснуваат животот на секој граѓанин. Градиме фер и праведно општество на еднакви граѓани“ стои во соопштение од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2019 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега