СДСМ: Дури и со розеви очила, Мицкоски не може да ја види визијата за нашата земја, зашто е опиен од криминало

 

Во соопштение од СДСМ велат дека 11 години државата и граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, додека ВМРО-ДПМНЕ за изживуваше со граѓаните а нивните парите ги трошеше на палми, жални врби, барок и споменици

„11-те розеви години на ВМРО-ДПМНЕ се 11 мрачни години за граѓаните на нашата татковина.

Заради справување со сиромаштијата што ја остави ВМРО-ДПМНЕ, денес Владата предводена од СДСМ ја зголемува социјалната помош за 300 отсто, за директна помош на 30.000 сиромашни семејства.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со напредокот и успешните реформи, па почна дури да се фали и со мерките на СДСМ. Мицкоски стана промотор на социјалните мерки како таа за намалување на ДДВ-то за парно од 18 на 5 проценти.

Дури и со розеви очила, Мицкоски не може да ја види визијата за нашата земја, затоа што е опиен од криминалот и валканите пари на белиот дворец во кој е седнат“ стои во партиското соопштение од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2019 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега