ВМРО- ДПМНЕ: Во Македонија единствено блескаат бизнисите на кланот Заеви, кој ги полни своите џебови со народни пари.
Македонија блеска само во очите на Заев и СДСМ, велат како реакција од ВМРО- ДПМНЕ на соопштението од СДСМ во кое се вели дека Македонија блеска.
„Повеќе од 500 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а Зоран Заев вели дека блескаме.
Во првите 3 месеци од новата година реализацијата на капиталните инвестиции е изнесува катастрофални 6 проценти, а Зоран Заев не убедува дека економијата на Македонија блеска.
Како може Македонија да блеска кога граѓаните го дишат најзагадениот воздух во светот, а во 21 век среде Европа се жртви на епидемија на морбили.
Во Македонија единствено блескаат бизнисите на кланот Заеви, кој ги полни своите џебови со народни пари.
Кога Зоран Заев ќе си замине оваа власт, и ќе одговара за се, тогаш Македонија ќе заблеска“ велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа