СДСМ: Мицкоски да одговори кога ќе понесе одговорност за поразот на изборите

 
Нашата земја влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, на огромна жал и неуспех на антизападниот Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.

Во нивното соопштение се вели дека наместо да станува промотор на мерките на СДСМ, Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори на следните прашања:

„Кога ќе понесе одговорност за личниот неуспех и за неуспехот на неговата агенда поддржана од Будимпешта, да го спречи зачленувањето на земјата во НАТО?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката.

Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал се уште не поднеле оставки?

Конечно, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село?

Огромна е разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ и одлуката да се влезе во промени за подобрување на служењето на граѓаните и безидејноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се уште се длабоко загазени во нивното криминално и режимско однесување. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги загубија и претседателските и локалните избори и затоа не успеаја да го спречат напредокот и реформите што носат добро за сите граѓани“ велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2019 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега