Се јави Субата Рој: Погрешно сте го разбрале говорот во Скопје
Со оглед на тоа што говорот на Субрата Сахара Рој при официјалното обраќање на Мировниот самит предизвика бројни реакции би сакале да го дадеме следниот став како Сахара Групација:
Секој говор се базира врз сопствени искуства, изградени во една колективна свест и менталитет на една земја и нејзината култура. Различни луѓе од различни култури ќе се соочат со културни разлики. Треба да ги почитуваме разликите во културите меѓу Индија и Македонија и да се обидеме да учиме од искуствата на двете страни.
Говорот на Субрата Сахара Рој е пишуван врз основа на состојбата во Индија, а во некои сегменти се однесуваше за состојбите на глобално ниво, а не само за Македонија.
Индија е земја со комплетно поинакво социјално и религиозно опкружување отколку Македонија. Таа е втора најнаселена земја во светот со повеќе од 1.2 милијарда луѓе и претставува најнаселена земја со демократско уредување во светот. Во моментов Индија се соочува со предизвикот на население кое рапидно расте, што ги става под притисок ограничените ресурси. Изјавата на господин Рој нагласи дека секоја земја и нејзиното општество треба да се осврнат на балансот на населението и расположивите ресурси. Па така, додека некои земји како Кина и Индија (од каде и доаѓа г – дин Рој) бараат начини за контрола на растот на населението, некои од развиените земји имаат за цел да го охрабрат природниот прираст, кој во моментов е во опаѓање како резултат на материјалната рамка.
Сахара Групацијата како дел од својата филозофија го охрабрува вработувањето на лица без разлика на нивното минато. Казнениот систем во секое современо општество е создаден со цел да поправи и рехабилитира. А единствениот проблем на овој систем е социјалната инклузија на бившите затвореници кои затворскиот живот го носат како стигма. Во тој аспект вработувањето на бившите затвореници е најблагородниот чекор што еден бизнисмен може да го направи. Како што истакна Рој во својот говор, токму тие работници кои биле дел од казнениот систем, а сега се вработени во групацијата, се покажале како едни од најквалитетните. Субрата Сахара Рој верува дека на секој човек треба да му се даде втора шанса и групацијата се гордее со тоа.
Коментарот на господинот Рој за медиумите се базира на се растечкиот тренд медиумите да пласираат негативни вести, првенствено затоа што живееме во такво општество и поради сензационалноста. Вестите за војни, бомби, скандали, убиства се се позастапени отколку убавите вести. Никаде не стана збор дека медиумите треба да се замолчат. Наместо тоа, медиумите треба да се охрабруваат да објавуваат позитивни вести, со цел да имаат позитивно влијание на публиката. Самата Сахара Групација поседува една од најголемите медиумски куќи во Индија и ја брани слободата на медиумите.
Официјално во име на на Сахара Балканскиот мировен фестивал и Сахара Групацијата како организатор на фестивалот, би сакале да кажеме дека немаше никаква намера за непочитување на која било земја, или која било група на луѓе. Спортивно на тоа, Групацијата, како што самиот Рој истакна верува во заедничко разбирање и почитување на луѓето и културите. Изразуваме жалење за секоја ненамерна навреда почуствувана од која било група.
(Интерален текст од реакција на Сахара Групацијата по повод говорот на Субрата Рој на Мировниот фестивал во Скопје)