СДСМ: Не е точно дека има поскапување на цените на детските кардиоваскуларни операции
Нов ден, нова лага од белиот дворец. ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно се обиде да ги излаже граѓаните преку пласирање на лажни вести и невистини. Не е точно дека цените на детските кардиоваскуларни операции се зглолемени, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ на денешната изјава од опозициската партија.
„Како што јавно соопшти Министерството за здравство вистината е дека нема промени во цената на овие услуги и тие остануваат бесплатни, односно на товар на Фондот за здравствено осигурување. Целосно неосновани се и тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно зголемување од околу 20% по процедура за детска кардиохирургија. Цената по процедура е иста во Клиниката „Жан Митрев“, како што беше и на детската кардиохирургија.
Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски е целосно посветена на лажните вести и веќе нема ниту идеја да излезе од матрицата на лаги и деструкции во која е длабоко завлезена“, соопшти СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа