Јадете од овој леб колку сакате и ќе ослабете брзо и лесно - се меси без квасец и брашно

 

Желбата за консумирањето на здрава храна, понекогаш е тешко остварлива, а многу луѓе велат дека не можат ниту еден ден да поминете без благо и леб. Сте се запрашале ли, зошто некои имаат поголема потреба да внесуваат шеќери, а некои не? Во текстот кој следува ќе ви прикажеме зошто тоа е така, а ако вие сте во групата на луѓе кои секој ден имаат потреба од благо, ќе ве поттикнеме да го направите овој безквасен леб.

Јадењето на леб без квасец ќе ви помогне да одржите ниско ниво на квасци во организмот, а исто така и кандидата под контрола. Прекумерниот број на квасци во телото ве поттикнуваат да јадете намирници која се богати со шеќери, која им служи како храна. Па, затоа потрудете се да ги елиминирате шеќерите во вашата исхрана. Консумирањето на леб, создава повеќе шеќер во телото, затоа што тој се разградува на јагленохидрати и едноставни шеќери.

Како алтернатива за сите кои не можат без леб и оние кои имаат проблем со кандида, која предизвикува чешање, бели наслаги на јазикот, вагинални инфекции, црвенило на кожата и замор, им предлагаме рецепт за леб без квасец.

Состојки:

200 грама брашно од наут

200 грама брашно од хељда

200 грама брашно од овес

200 грама брашно од рж

200 грама брашно од пченка

200 грама брашно од просо

сол по вкус

вода по потреба.

Подготовка:

  1. Во една тегла до половина се става брашно од наут и малку сол. Останатата половина се дополнува со млака вода ама не баш до горе, ќе гледате да не биде многу кашесто и да има место каде да стаса.
  2. Теглата се става на место каде што нема провев и треба да одстои 24 часа, може да ја чувате во рерна.
  3. Следниот ден во длабок сад за месење ставете ги брашната и додајте ја смесата од теглата. Посолете по вкус и заместе тесто. Замесеното тесто ставете го во намрсен пластичен сад, покријте го со кујнска крпа и оставете го за време од 24 часа за да нарасне лебчето.
  4. Најважно при подготовка на безквасниот леб е техниката на печење. Тестото извадете го од садот, обликувајте го во кружна форма и ставете го во тава обожена со хартија за печење. Тавата покријте ја со капак и ставете ја во загреана рерна да се пече 45 минути на 200 степени.
  5. Потоа, извадете го капакот, намалете ја температурата на 180 степени и продолжете со печењето за време од 10 минути. Печениот безквасен леб, покријте го со кујнска крпа, оставете го да се излади, а потоа сечете парчиња. Добар апетит!
 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2019 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега