Канадска компанија ќе инвестира во градот на конзулите

Министерот Џери Наумоф задолжен за странски инвестиции денеска во општина Битола ја претставија канадската компанија „Космик Девелопмент“ која во иднина ќе соработува со локалната самоуправа и Техничкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола.

- Оваа компанија има светски познати клиенти како што се „Микрософт“ и „Јахоо“, многу креативни студија и е позната како втора најдобра компанија вработувач во Република Македонија за 2012 година. Младите луѓе во Македонија се високо интелигентни и имаат желба да работат во високотехнолошки и добро платени креативни индустрии и затоа се фокусираме на технологии за да ги задржиме талентираните Македонци да не ја напуштаат Македонија, посочи министерот Наумоф.

Градоначалникот Владимир Талески смета дека новата инвестиција е потврда на континуитетот странски инвестиции во Битола.

- Како општина ќе го обезбедиме просторот каде ќе биде лоцирана идната компанија за да овозможиме најдобри услови за работа. Новата современа технологија ќе помогне да се обезбедат нови работни места за младите битолчани. Важноста на овој проект е во тоа што е инициран од млади луѓе со македонски корени кои сакаат низ личен пример да покажат и потврдат дека Македонецот со својата интелигенција и способност може да биде светски успешен, истакна градоначалникот Талески.

04.10.2013 - 16:19
Фото: 
ск.ком.мк

најчитано сега