Евтино а чудотворно: Вода со коприва, со стотина благодети
Рецепт кој се применува во Русија дава сила и енергија , а велат и дека е одличен за доилки бидејќи го поттикнува лачењето на млеко.
Вода со коприва е необична верзија со стотина благодети.
Копривата изобилува со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, витамини Ц, А, Б2 и К, каротин и пантотенска киселина. Најдобро од се' е што таа е достапна и пристапна за секого.
Потопете две или три стебла од коприва во вода, оставете да отстои барем еден час, процедете па пијте од течноста во текот на денот.
Освен што може да се пие, водата може да се користи и за миење на косата.
Познато е дека копривата е природен лек за првут, а притоа ги отстранува и маснотиите, а косата побрзо ќе расте.
Важно е да користите коприва која расте во природа, а не од онаа што е во град. Најдобро е да користите свежа коприва.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа