Вардар ќе игра и следната сезона: Откриено колку пари заработи клубот од освоената титула

 

Ракометарите на Вардар по вторпат во клупската историја ја освоија титулата во Лигата на шампионите, иако никој не веруваше во нив и малкумина им даваа шанси за вакво чудо, а „Ракомет24“ откри колку пари заработи клубот.

Иако иднината на Вардар беше ставена под знак прашалник, сега веќе не е така, па јасно е дека македонскиот тим и во следната сезона ќе биде спремен за големи дострели.

 Од ИХФ парите допрва треба да се заработат. Со освојувањето на титулата, Вардар се пласираше и на Супер Глоуб, па ако одигра таму добро и стигне до титулаата може да добие 355.000 евра. За второ место премијата е 225.000 евра, додека за трето е 135.000 евра.

15.000 евра – премија од Неуромедика
135.000 евра – пласман на Ф4
500.000 евра – освојување на титула
500.000 евра – премија од Владата на Македонија
100.000 евра – премија од Град Скопје
100.000 евра – премија од АМС
135.000 – 355.000 евра – премија од Супер Глоуб

Сите овие суми се вкупно најмалку 1.485.000 евра, а доколку Вардар ја освои титулата на неофицијалното светско првенство Супер Глоуб може сумата да биде 1.705.000 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.06.2019 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега