СДСМ: Создадовме силна економија и повеќе пари за граѓаните
СДСМ со соопштение до јавноста:
За само две години создадовме силна економија, извозот во првите четири месеци од 2019 е зголемен за 16 отсто.
По години економска стагнација и осиромашување на граѓаните, за само две години со мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ, се постигна раздвижување на економијата и забележлив економски раст.
За две години создадовме силна економија која нуди шанса за сите.
Последните податоци покажуваат зголемување на извозот за 16 проценти во првите месеци од оваа година споредбено со лани.
Во бруто износот тоа се 290 милиони евра повеќе.
Од минусното салдо од -1.8 отсто во вториот квартал на 2017 година, успешните економски политики придонесоа за раст на БДП од 3,7 отсто во четвртиот квартал од 2018 година.
20 нови странски инвестиции влегоа во државава за само две години, а во 2018 забележан е рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра.
Вкупно 26.600 нови работни места од кои околу 1.000 во производствените погони на странските инвестиции се отворија само во 2018 година.
Реализација на активните мерки за вработување на Владата предводена од СДСМ придонесоа стапката на невработеност да опадне на рекордно ниски 19,4 отсто за 2 години.
За две години просечната плата е поголема за 2.000 денари.
Ова се само дел од економските параметри кои потврдуваат дека економијата се движи во нагорна линнија.
Имаме силна економија, а парите се враќаат назад кај граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа