Фрчкоски: Младите можат да аплицираат за младинска картичка, за бројни поволности за секојдневниот живот

 

Во тек е процесот за аплицирање за проектот „Еворпска младинска картичка“ со низа поволности за младите, преку кој тие ќе се приближат до европските услови и вредности, соопшти Јон Фрчкоски потпретседателот на СДММ (Социјалдемократска младина на Македонија).

Тој од име на неговата партија ги повикува сите млади лица на возраст од 15 до 29 години да аплицираат и да ја добијат оваа картичка.

„Со оваа картичка имате поволности и придобивки во секојдневниот живот, попусти за културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, патување, транспорт, едукација и доусовршување. Веќе е обезбедена соработка со над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, киносали, центри за едукација и развој, спортски центри и други кои за младите ќе обезбедат попусти на нивните услуги“, образложи Фрчковски.

Посочи и дека во тек се преговори со стотици други правни субјекти на територијата на целата држава.

„’Европската младинска картичка’ освен намалување на трошоците на младите позитивно ќе влијае и врз унапредување на социјалниот живот, едукацијата и личниот развој.Младите се наш приоритет, тоа го покажавме преку создавање на кавлитетни младински политики“, истакна потпретседателот на СДММ додавајќи дека активните младински политики досега придонеле за нешто помалку од две години, стпаката на невработеност кај младите да се намали за околу 10 отсто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2019 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега