Балканскиот нарко-бос Насер Келеменди уапсен во Косово

Црногорската телевизија „Вијести“ јави денеска дека Насер Келеменди, балкански нарко-бос е уапсен во Косово. 

Врз основа на барање на Обвинителството на Босна и Херцеговина, лани во септември е распишана меѓународна потерница за Келеменди и повеќе други осомничени заради тешки дела на организиран криминал во БиХ. Насер Келеменди е означен како лидер на една од најсилните криминални групи на Балканот, а во јуни лани е ставен и на црната листа на САД. Американскиот претседател во специјален извештај на Белата куќа го означи како главен дилер на дрога на Балканот. 

Апсењето било извршено доцна синоќа.

најчитано сега