Што се случува на патиштата низ Македонија?
На патниот правец Скопје – Македонски Брод, кој поминува низ Јасен, од 1 октомври 2013 година се поставени нови термини за правецот на движење на моторните возила:
- Во правец од Скопје кон Македонски Брод од 07:30 до 08:30 и 14:30 до 15:30.
- Во правец од Македонски Брод кон Скопје од 06:00 до 07:00 и 16:00 до 17:00.
Напомена - Доколку има наноси од снег, патот може да биде затворен на неодредено време.
Од денеска во 10 часот ќе започне изведба на градежни работи на патниот правец Велес - Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.
На патниот правец А1, Велес – Гевгелија, делница Удово – Смоквица (во близина на натпатник Милетково), ЈП Македонија пат- Скопје подружница Велес, денес, 07.10.2013 во период од 08:00 – 17:00 часот ќе извршува поправка на коловозот. За време на изведувањето на градежните работи сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и истиот ќе биде регулиран со соодветна патна сигнализација.
На патниот правец Фурка – Дојран Р-1 501, ЈП Македонија пат – Скопје подружница Велес, почнувајќи од 02.10.2013, во период од 10 – 15 дена ќе изведува градежно-асфалтерски работи на коловозот. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента и истиот ќе биде регулиран со поставена соодветна патна сигнализација.
Од 25.09.2013 е воведена времена измена на режим на сообраќај за време на работа на пат на веќе започнатите интензивни геодетски теренски активности на патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци), поточно на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово, со поставување на соодветна вертикална сигнализација.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Од 11.09.2013 година започнаа градежни работи на пат на пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.