Питомците на Воената академија ќе дадат свечена заклетва

Питомците - студенти од првиот циклус на студии од учебната 2013/2014 година, денеска ќе дадат свечена заклетва во Воената академија во Скопје.

Заклетва ќе дадат 31 питомец од 17-та генерација на Воената академија, од кои 26 се од Република Македонија, по двајца од Косово и од Црна Гора и еден од Босна и Херцеговина.

Според најавите, министерот за одбрана Талат Џафери ќе има свое обраќање на свеченоста.

07.10.2013 - 09:14
Фото: 
Сител

најчитано сега