СДСМ: До 90% пониски цени за услуги во роаминг - помали трошоци за граѓаните
СДСМ со соопштение до јавноста:
- Од денеска, при секое патување во Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора, граѓаните на Република Северна Македонија ќе можат да испраќаат и добиваат СМС, да прават и добиваат повици и да користат интернет за цени пониски до 90 отсто. За споредба досегашната просечна цена за извршен повик во земјите од Западен Балкан беше 75,4 денари, а од денеска, просечната цена ќе биде 5,05 денари по минута со вклучен ДДВ. Цените се линеарни и важат за секој оператор и секоја земја, велат од СДСМ.
Со ова се намалуваат трошоците за граѓаните и се олеснува комуникацијата.
- Дополнително, од 1ви јули 2021 на сила се очекува да стапи и “Роаминг како дома” по примерот на земјите од ЕУ, со што граѓаните нема да плаќаат воопшто било какви роаминг услуги, било да се тоа повици, пораки или интернет. Владата предводена од СДСМ останува посветена на креирање и имплементација на мерки кои ги намалуваат трошоците на граѓаните и враќаат се повеќе пари во семејните буџети, велат СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа