„Азбукословецот“ се закити со наградата „Григор Прличев“ за 2013

Денеска тричлено жири во состав на претседателот Милован Стефановски и членовите Бранко Цветкоски и Иван Чаповски одлучија наградата „Григор Прличев“  да отиде во рацете на авторот на поемата „Азбукословецот“.

- Поемата „Азбукословецот“ со поднаслов „Во слава на свети Климент премудриот кој посеа житница на неграмотна нива и кој со песна ги допира ѕвездите“ е кохерентна целина на исклучително стамен пев составен од 1.110 стихови поделени на три дела. Со цврсто потпирање на нашата традиција на веќе усвоените вредности и освоените вертикали на подолгите поетски творби со лирско-епски карактер, овојпат со наградената поема добиваме дело за кое речиси со сигурност може да се предвиди дека ќе заземе едно од значајните места во македонскиот поетски трезор, рече претседателот на жири-комисијата Стефановски.

Во најтесен избор за наградата биле и поемите „Сенка на векот“, „Седмиот ден“, „Лудобилје“ и „Цветот од Белица“. Наградата „Григор Прличев“ ќе биде врачена на 5 февруари 2014 година во Охрид.

07.10.2013 - 13:36

најчитано сега