Музичките имиња најавуваат одличен Виноскоп оваа година

 

Иако виното е главниот протагонист на фестивалот - Вино Скоп , не би било интересно доколку не е дополнето со квалитетна музичка програма .Оваа година на фестивалот посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидна музика која ќе ги задоволи и најизострените вкусови. Жанровски се застапени повеќе музички правци но оваа година најзастапени ќе бидат етно и рок музиката.Љубителите на  добрта музика на овогодинешниот Вино-Скоп ќе имаат можност да ги слушаат:

 Клапа Искон од Хрватска ,Monsieur Doumani- етно бенд кој доаѓа од Кипар , Skaddia World Music од Италија, а од домашните изведувачи засега се најавени :Супер хикс , Кристина Арнаудова , Тумбао Салса бенд , Драган Мијалковски , Ајдаред , Наум Петревски , Владимир Четкар и др .

 

Значи драги љубители на убавото вино и убавата музика од 16 до 20 октомври на градскиот плоштад  “Македонија” - Скопје. Вино-Скоп 2013 ве очекува по седми пат. Бидете дел од една различна приказна!

 

07.10.2013 - 14:24

најчитано сега