Повеќе од 60 илјади жители го напуштиле Косово барајќи азил во ЕУ
Во периодот од 2009 до 2013 година Косово го напуштиле повеќе од 66 илјади жители, кои нелегално преминале во европските држави и барале азил по светот, пишува приштинскиот весник „Зери“.
Весникот наведува дека оваа бројка се однесува на лицата, кои официјално се појавиле како азиланти, додека илјадници други од страв дека ќе бидат вратени и натаму се движат илегално низ Европа.
Бројот на лажни азиланти е особено зголемен во изминатите три месеци и според официјалните податоци е двојно зголемен во споредба со идентичните временки периоди изминатите години, пишува Зери.
Податоците на Евростат покажуваат дека од 1 јануари 2009 година до 31 август 2013 година азил побарале 66.085 лица. Тие побарале азил во 28 држави-членки на Унијата, но и во земјите кои не дел од унијата како Швајцарија, Исланд и Норвешка.