ДУИ тврди дека се можни се предвремени избори во мај или јуни

 

Од ДУИ велат дека можни се предвремени парламентарни избори наредната година, но за тоа е потребен договор на сите политички партии, пренесува Телма.

Предвремени  избори бараат и сите опозициски парламентарни партии. ВМРО-ДПМНЕ не ја исклучува можноста да поднесе иницијатива за распишување во Собранието.

БЕСА и Алијансата на Албанците ќе ја подржат секоја иницијатива која нуди нови избори.

СДСМ смета дека во моментов на државата не и се потребни предвремени избори затоа што приоритет се НАТО и ЕУ интеграциите. А и да има евентуални избори, познат би бил исходот.

Партиите не ја исклучуваат можноста во наредниот период да се одржи и лидерска средба во поширок состав на која би се разговарало за предвремени избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега