Рибар пронашол порака во шише стара 50 години- ја напишало момче од Бритнија и сега го бара
Рибарот Пол Елиот објавил дека трага по авторот на пораката најдена во шише која ја нашол на југот на австрлискиот брег за која верува дека е стара 50 години.
Според него, пораката ја пронашле тој и неговиот син додека ловеле риба, а како што вели авторт на пораката е Пол Гибсон кој себе си се опишал како 12 годишник од Англија кој на крузер патувалдо Мелбурн.
Државниот океанограф вели дека шишето не би можело да плови 50 години, бидејќи океанот не мирува.
Според него, шишето најверојатно било закопано во песок а нјверојатно бура го однела во водата.
-Да е фрлена во море, нема шанси да остане на исто место подолго од година две“ рекол тој.Според наведеното, стотина илјади Британци емигрирале во Австралија во текот на 50-те но четвртина од нив се вратиле во Британија бидејќи Австралија не ги исполнил нивните очекувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа