Таткото на Ѓоковиќ откри тајна која долго ја криеле од јавноста - кажал која земја му нудела државјанство на Новак
Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ, при гостување во емисијата кај Милимор Мариќ на Хепи телевизија, раскажа една анегдота од пред неколку години.
Срѓан Ѓоковиќ во емисија во живо открил дека Новак имал прилика да добие државјанство од Велика Британија и заедно со Енди Марејем да доминира во Дејвис Купот во годините кои биле пред нив.
-Мајка му на Новак и јас разговаравме со Британците. Нивната идеја беше да ги спојат Новак и Мареј и долго да владеат во тенисот и да освојуваат Дејвис куп. Му нудеа државјанство. Сепак, Новак е Србин, неговата крв е српска. Не им го кажав тоа веднаш, туку им кажав дека ќе разговараме со децата и ќе им јавиме - раскажал Срѓан.
Ноле тогаш имаше само 19 години, но одлично знаеше што сака.
-Јас му раскажав се. Дека ќе има можнопст да живее таму и дека имаат најдобри услови на светот. Знаете каков беше одговорот? Никаков. Па не постои таа сила да се промени ситуацијата. Ние сме Срби и ќе останеме Срби до крајот - раскажал Срѓан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа