Неколку намирници кои ќе ви помогнат да ослабите брзо и лесно
Клучот е всушност да го зголемите внесот на намирници кои ќе ви помогнат при согорување на масните наслаги.
Според диететичарката д-р Ванди Басилијан, клучот за успешно губење на килограмите е во конзумирање на храна полна со вода, како лубеница, краставица, пиперки, јогурт, јајца и авокадо.
Интересно е колку лубеницата делува сито на нашиот организам, затоа се препорачува нејзино конзумирањe во летните месеци кога е во изобилие и кога е идеална замена за сите закуски и слатки што ќе ги јадете во текот на денот и ноќта.
Лутите пиперки влијаат на метаболизмот така што спречуваат прејадување.
Докторката тврди дека јајцата играат значајна улога во губењето на тежината.
-Бројни студии покажаа дека луѓето кои појадуваат јајца, во текот на денот консумираат помалку храна, а во комбинација со авокадо, се добива повеќекратна корист за здравјето на телото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа