ЕК силно препорачува Србија да ги отвори тајните документи

Европската комисија не бара од Србија да ги отвори тајните документи на службата за безбедност, но „силно препорачува“ тоа да се направи, се наведува во соопштението од канцеларијата на комесарот Штефан Филе.

Портпаролот на Филе, Петар Стано истакна дека „отворањето на досиејата би помогнало во истрагата за исчезнатите лица, како и за нерешените убиства од 1990 година, меѓу кои има и нерасветлени убиства на новинари“.

Тој посочи и дека поголемата транспарентност и отвореното соочување со минатото води кон помирување во општеството и надминување на постоечките поделби.

08.10.2013 - 10:03

најчитано сега